Леброн во сенка на Богдановиќ, Сакраменто подобар од Кливленд

Српскиот репрезентативец Богдан Богдановиќ ја одигра една од најдобрите свои партии во НБА лигата во победата на Сакраменто над Кливленд од 109-95.

Богдановиќ беше еден од клучните кошаркари на Сакраменто со 16 поени, 8 асистенции, четири украдени топки и три скока водејќи го тимот до големата победа против „Кралот“ и компанија. Најефикасен кај Кингси беше Винс Картер со 24 поени, за првпат ветеранот постигнувајќи од 2007 година повеќе поени на еден меч од Леброн Џејмс.

Леброн Џејмс, пак, мечот го заврши со 16 поени, 14 асистенции и 10 скока, а најефикасен кај Кливленд беше Кевин Лав со 23 поени.

Ова е втор едноподруго пораз за Кливленд, по неуспехот во Оукленд за Божиќ во репризата од последните три НБА финалиња.

Минесота по продолжение славеше против Денвер со 128-125. Феноменалниот Џими Батлер во продолжението им пресуди на Нагетси. Поранешниот кошаркар на Чикаго мечот го заврши со 39 поени, а го следеа Вигинс со 21 поен и Гибсон со 20 поени.

Во поразениот тим најефикасен беше Бартон со 28 поени, Лајлс постигна 23 поени, а Никола Јокиќ – 22 поени.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Шарлот – Бостон 91-102, Индијана – Далас 94-98, Атланта – Вашингтон 113-99, Чикаго – Њујорк 102-97, Минесота – Денвер 128-125, Њу Орлеанс – Бруклин 128-113, Оклахома – Торонто 124-107, Сакраменто – Кливленд 109-95, Голден стејт – Јута 126-101, ЛА Лејкерс – Мемфис 99-109

tabela istok

tabela zapad

Се вчитува...