Леброн за коронавирусот: Ако нема навивачи – нема да играм

Најголемата ѕвезда во НБА-лигата, Леброн Џејмс, јасно стави до знаење дека нема намера да излезе на терен доколку нема навивачи на трибините. Коронавирусот се шири и во САД, поради што американските власти дадоа препорака до клубовите да размислуваат за можноста во блиска иднина да се почне со играње на натпревари без публика.

За Леброн Џејмс, нема дилеми на оваа тема.

Јас секако ќе се појавам во арената. Ќе излезам на загревање, но доколку нема навивачи, јас нема да играм. Толку е – кратко и јасно“, порача Леброн.

ЛА Лејкерс со победата над Милвоки го осигура пласманот во плејофот, прво учество во доигрувањето за титулата по пауза од седум години.

Се вчитува...