Кливленд славеше против Мајами со 108-97 во синоќешниот меч во НБА лигата кој го одбележа исклучувањето на Леброн Џејмс.
„Кралот“ беше исфрлен од игра за првпат во својата кариера (одиграни 1082 натпревари) во текот на третиот период поради „урлање“ кон судијата Кејн Фидџералд.
Кливленд во тој момент водеше со 23 поени разлика, најмногу благодарение на Кевин Лав кој на мечот постигна 38 поени, дополнети и со девет скока. Џејмс во моментот на „исфрлување“ од паркетот имаше 21 поен, 12 скока и шест асистенции против својот поранешен клуб. Одличен против Мајами беше и Двејн Вејд со 17 поени и пет скока, а Хит беа предводени од Дион Вејтерс со 21 поени и седум асистенции.
Феникс победи во Чикаго со 104-99 против Булси, во натпревар во кој доминираше Девин Букер со 33 поени и 9 скока.
Но, мечот ја одбележа неговата блокада над Крис Дан откако овој украде топка на 30 секунди пред крајот и +5 за Санси, па на тој начин ја завери победата на својот тим.
Вашингтон триумфираше против Минесота со 92-89. За Минесота поради повреда не играше Немања Бјелица, а во победничкиот состав во отсуство на Џон Вол се истакна Ото Портер со 22 поени и 8 скока, вклучувајќи го и скок-шутот од речиси седум метри за 91-89.
Во редовите на Минесота најдобар беше Карл-Ентони Таунс со 20 поени и 17 скока, а по „дабл-дабл“ забележаа Гибсон со 16 поени и 11 скока, како и Џими Батлер со 17 поени и 10 асистенции.
Во останатите мече Сакраменто загуби од Милвоки со 87-112, додека Јута беше подобра од Денвер со 106-77.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА