Леброн жестоко му одговори на газдата на Далас во одбрана на Дончиќ: „Кога кловнот…“

Газдата на Далас Маверикс, Патрик Думонт кој ја откупи франшизата од Тексас во декември 2023 година говореше за трејдот кој ја шокираше кошаркарската јавност, заминувањето на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс.

Откако изјави се најдобро за Словенецот, следеше и објаснување за одлуката да се реши од услугите на 25-годишникот кој важи за супер ѕвезда.

Сето тоа воопшто не му се допаднаа на Леброн Џејмс, кој набрзо на социјалните мрежи објави коментар за изјавата на Думонт, жестоко одговарајќи му на сопственикот на Далас.

„Кога кловнот ќе се всели во палата не станува крал, туку палатата станува циркус“ – одговори Леброн.

Се вчитува...