Лече ја изненади Аталанта, потфрли и Рома

Аталанта влезе во серија од два порази во низа откако во 14. коло загуби на гостувањето кај Лече со 2-1. Двата гола на домаќините во 27. и 29. минута го шокираа фавиризираниот гостин, а и покрај тоа што во 40. минута Запата успеа да го врати својот тим во игра за бодови, Аталанта до крајот не успеа да ја затресе мрежата на Фалконе.

Нови бодови испушти и Рома која на гостувањето кај Сасуоло ремизираше со 1-1. „Волчицата“ прва победе преку Абрахам во 80. минута, но славјето траеше само пет минути бидејќи во 85. минута со голот на Пинамонти домаќините стигнаа до изедначување вредно бод.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...