Легeнда на Лил, Андерлехт и Бешикташ ќе скаутира за Шкупи

Легендарниот репрезентативец на Гвинеа, прославено име на белгиски Андерлехт, Сулејман Јула е нов скаут на тимот на Шкупи.

По одличниот трансфер-период Шкупи се одлучи да ги засили делот во тимот околу „регрутацијата“ во иднина на фудбалери од Африка, но и од европскиот континент ако се знае дека Јула својата играчка кариера ја мина на Стариот континент.

Јула има сензационална фудбалска кариера зад себе, играјќи за Локерен и Андерлехт во белгискиот шампионат, во Турција беше дел од Бешикташ, Генчлербирлиги, Ескишехирспор, Денизлиспор, а во Франција играше за Мец и Лил. Беше и член на репрезентацијата на Гвинеја, со 36 настапи и 17 голови.

Се вчитува...