Елиминацијата на Ливерпул од Лигата на шампионите остави длабок белег кај навивачите и поранешните играчи на клубот.
Еден од најгласните во критиките е Џејми Карагер, кој вели дека не ги разбира потезите на тренерот Арне Слот.
Карагер посебно е изненаден од одлуката Мохамед Салах да остане на клупата во натпреварот на сезоната, верувајќи, како што вели, дека немало вистинско оправдување за таква одлука.
„Салах не го одигра првиот натпревар, постигна гол во првенството минатиот викенд и совршено го познава системот. Од друга страна, Исак и Екитике никогаш порано не играле заедно“, рече тој.
Тој додаде дека не верува дека Салах бил изоставен поради претходни несогласувања со тренерот. Наместо тоа, тој верува дека Слот се обидел да им даде предност на играчите кои ќе останат во клубот следната сезона.
Сепак, таков пристап „сè или ништо“ нема смисла за него.
Ливерпул не доби ништо со Вирц
Освен тактичките одлуки во нападот, Карагер посебен фокус стави на Флоријан Вирц.
Германскиот репрезентативец пристигна со огромни очекувања и цена од дури 100 милиони фунти. Сепак, по повредата на грбот, неговата форма е во сериозен пад.
„Изгледа убаво на теренот, но нема завршен удар. Во моментов, Ливерпул практично не доби ништо за тие пари“, вели Галагер без двоумење.
Таквата изјава јасно покажува колку е разочаран од играта на младиот Германец.
Проблемот, според него, не е само во формата, туку и во физичкиот аспект на играта. Поради недостатокот на сила, Вирц се бори да се справи со темпото на Премиерлигата.
Затоа Карагер ја доведува во прашање неговата улога како класична „десетка“. Тој верува дека неговата иднина би можела да биде на левото крило, каде што би имал повеќе простор.
Во исто време, тој предлага Доминик Собослај да се врати на природната позиција на креатор. Таквата реорганизација би можела да донесе поголема рамнотежа во играта на Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
