Промените во раководството на кошаркарскиот клуб Партизан започнаа со оставката на тренерот Жељко Обрадовиќ по што следеше и оставка на спортскиот директор Зоран Савиќ чие место нема да долго да биде слободно според пишувањата на медиумите кај нашиот северен сосед.
Неговиот наследник се очекува да биде уште една легенда на клубот во името на Жарко Паспаљ кој е прв избор на претседателот на белградскиот гигант, Остоја Мијајловиќ.
Паспаљ има активна функција во одборот на Партизан, а доколку го прифати новиот предизвик ќе има уште поодговорна функција.
Легенданиот кошаркар во носеше „црно-белиот“ дрес во два мандати од 1986 до 1989 година, односно во сезоната 1990/91.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

