Легендарниот Џевад Прекази имал мозочен удар

Поранешниот репрезентативец на СФР Југославија легендарниот фудбалер на Партизан, Џевад Прекази, имал мозочен удар, но се наоѓа во стабилна состојба.

Како што пренесуваат српските медиуми, Прекази бил на Копаоник кога му се слошило но веднаш реагирале неговите најблиски и лекарите кои успеале да му го спасат животот. Сега се наоѓа во стабилна состојба, под лекарска нега. Според последните информации се очекува наредните денови да биде пуштен на домашно лекување.

66-годишниот Прекази своите најславни фудбалски денови го мина во Партизан за кого одигра 153 натпревари. Во својата кариера има настапи и за Хајдук, како и за турски Галатасарај, каде што играше шест години. За клубот од Истанбул одигра 185 натпревари постигнувајќи 40 голови, поради што беше прогласен и за најдобар странец во историјата на Галатасарај.

Се вчитува...