Легендарниот Дирк Новицки постави НБА рекорд (ВИДЕО)

Дирк Новици конечно се  врати во составот на Далас. Тој е опорави по опреацијата на зглобот и во поразот на Далас од Феникс одигра шест минути. Излегувањето на 40-годишниот Германец на паркетот имаше историска димензија за НБА лигата со оглед дека тој стана првиот играч кој одиграл 21 сезона во ист клуб.

Новицки во 1998 година беше деветти пик на Милвоки, но веднаш беше пратен во Далас, клубот со кој во 2011 година го освои шампионскиот пехар и беше прогласен за најкорисен играч на финалната серија. Во изминатите 20 сезони во регуларниот дел од првенството, Новицки постигнуваше просечно нешто помалаку од 22 поени по натпревар, додека во разигрувањето имаше просек од 25,3 поени.

Веднаш зад Новицки, на вечната листа НБА играчи со најмногу сезони во еден клуб е Коби Брајант кој мина 20 години во Лос Анџелес Лејкерс. Потоа се Џон Стоктон и Тим Данкан со по 19 сезони во Јута односно во Сан Антонио.

 

Се вчитува...