Легендарниот српски тренер Душан Ивковиќ официјално е финалист за влез во Куќата на славните во Спрингфилд. Оваа вест доаѓа пред „Ол стар“ викендот кој ќе се одржи во Сан Франциско.
Србинот е единствениот од 17. кандидати кој доаѓа надвор од Северна Америка. Покрај него тука се и поединци од репрезентацијата на САД во 2008 година: Кармело Ентони, Бак Вилијамс, Двајт Хауард, Маркис Џонсон, Џери Велш, судијата Дени Крофорд и тренерот Били Донован.
Од жените на листата своето име го најдоа Џенифер Ази, Сју Брд, Силвија Фаулс, Маја Мур, Молин Болин, како и Мики Ерисон и Тал Броди за придонесот во кошарката.
Новата класа ќе биде претставена на 5. арпил во Сан Антонио на Ф4 турнирот на НЦАА шампионатот за мажи, соопшти комитетот на Куќата на славните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА