Легендарниот Федерер во проблеми: За само еден ден загуби повеќе од 50 милиони долари!

Еден од најпознатите спортисти во светот легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер доживеа неверојатен финансиски удар.

Роџер Федерер, за само еден ден изгубил повеќе од 50 милиони долари, или околу 45 милиони евра, на хартија.

Причината е големиот пад на вредноста на акциите на швајцарската компанија за производство на спортска опрема, во која Федерер има значаен удел. Акциите на компанијата во еден момент паднаа за околу 19 проценти, што имаше директно влијание врз проценетата вредност на богатството на Федерер.

Според проценките на „Форбс“, вредноста на неговото богатство сега е намалена за најмалку 52 милиони долари, односно приближно 45 милиони евра.

По овој пад, проценетото богатство на Федерер е околу 952 милиони долари, што го врати под границата од една милијарда долари.

Швајцарецот, според тие проценки, го стекнал статусот на милијардер во текот на 2025 година, токму благодарение на растот на вредноста на неговиот удел во оваа компанија.

Затоа најновиот пад е особено интересен, бидејќи само за еден ден голем дел од вредноста што претходно значително придонесуваше за неговото деловно богатство исчезна.

Сепак, доколку не ги продаде своите акции, таа загуба засега постои само на хартија. Во случај на закрепнување на цената на акциите, вредноста на неговиот удел повторно би можела значително да се зголеми.

Се вчитува...