Легендарниот голман се враќа во Шпанија

Легендарниот шпански голман Пепе Реина по 17 години повторно ќе настапи во шпанското првенство откако ги договори условите за враќање во редовите на Вилјареал, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо.

Реина по одличните настапи за „жолтата подморница“ ја започна интернационалната кариера во Ливерпил во 2005 година каде остана до 2014 година, а потоа продолжи во Наполи, Баерн Минхен, Милан и Астон Вила. Претходната сезона настапуваше за Лацио од каде заминува по истекување на договорот.

Се вчитува...