Легендарниот Карлос Саинц, двократниот светски шампион во рели и трикратен победник на релито Дакар, е главен кандидат за нов претседател на ФИА.
Претседателските избори на ФИА ќе се одржат кон крајот на 2025 година, а Саинц сениор ќе води битка за првата позиција со Мохамед бин Сулајем.
„Се тркам повеќе од 40 години и овој спорт веќе ми даде сè што можев да добијам. Размислував за можноста да станам претседател на ФИА веќе некое време, и чувствувам дека сега е вистинското време во мојата кариера да го направам овој чекор. Уверен сум дека можам да направам добра работа и да составам одличен тим за да му се оддолжам на овој спорт“ – вели Саинц.
Саинц вели дека нема да има никаков конфликт на интереси, со оглед на успешната кариера на неговиот син Карлос Саинц јуниор во Формула 1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА