По елиминацијата на Лос Анџелес Лејкерс во второто коло од плејофот, се повеќе луѓе зборуваат за иднината на Леброн Џејмс, а Пол Пирс е меѓу оние кои веруваат дека легендарниот кошаркар треба да ја заврши кариерата.
Лејкерси беа елиминирани од Оклахома Сити со „метла“,во серијата, а веднаш по завршувањето на сезоната, се појавија шпекулации дека Џејмс би можел да го тестира пазарот на слободни агенти ова лето. Во исто време, се почесто се споменува можноста за пензионирање.
Поранешниот голем ривал на Леброн Џејмс смета дека четирикратниот шампион во НБА треба сериозно да размисли за пензионирање.
„Ова сега станува непочитување. Да бев Леброн, ќе се пензионирав. Тој повеќе не мора ништо да трпи, ниту да докажува ништо на никого“, рече Пирс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
