Легендарниот Просинечки пред промоција во албански клуб

Некогашниот хрватски ас Роберт Просинечки, е на чекор да го презеде тимот на Партизани Тирана. Овој клуб остана без тренер откако сонародникот на Просинечки, Зоран Зекиќ неодамна го презеде Осијек.

Просинечки веќе е во Албанија, каде што треба да биде промовиран за нов тренер на овој клуб. Најверојатно промоцијата ќе се случи до крајот на неделава.

Партизани во моментов е петто место на албанското првенство со 11 освоени бодови, но и два меча помалку во однос на водечката Егнатија која има 16 бодови. Партизани сезонава играше и во Европа, но не успеа да обезбеди пласман во групната фаза.

Се вчитува...