Легендарниот Тимур Дибиров се збогуваше од ракометот!

Едно од најдобрите леви крила во историјата на ракометот и двократен европски шампион со македонскиот великан Вардар, Тимур Дибиров го одигра својот последен натпревар во играчката кариера.

Неговиот Загреб го победи Нексе со 30-27 и со вкупни 3-0 во финалето од плејофот ја освои шампионската титула во хрватското првенство. Ова беше негов последен натпревар во богатата кариера.

„Пријатели, ова беше последен натпревар во мојата кариера, на малото момче кое сонуваше да игра ракомет со своите другари и ништо повеќе од тоа. Благодарност до моето семејство, сопругата, децата, родителите… кои ме поддржуваа, моите клубови, репрезентацијат и соиграчите, тие се најдобри на светот. Ќе ми недостасуваш, ракомету“, напиша Дибиров. 

Се вчитува...