Легендарниот „Вујо мајсторе“: Знам дека за ова пак ќе ме казнат, ама судиите смрдат на алкохол!

Веселин Вујовиќ не стравува да ја продолжи својата битка со ЕХФ, поточно судиската организација. Откако е суспендиран на неколку европски натпревар поради непристојно однесување за време на групната фаза од ЕХФ Купот меѓу Нексе и Копер, легендарниот „Вујо Мајсторе“ повторно без влакна на јазикот упати „рафална стрелба“ кон континенталната ракометна организација.

„Штом го повишам гласот тие ме казнуваат. Повеќе ги сакаат оние кои молчат. Кога е натпреварување секогаш се во најдобрите хотели, се возат со најлуксузни автомобили, одбираат што ќе јадат по хотелите, а тимовите постојано се жалат на лоша храна, превоз, лошо сместување… И лично гледам дека ракометот не напредува со сегашната гарнитура на чело на ЕХФ. И знам дека ќе ме казнат и сега по овие мои изјави, но ако… Горд сум, и човек кој не се плаши да го каже тоа што го мисли. Ракометот стана спорт за потсмев. Никој веќе не сака да го игра, полека изумира“ – изјави Вујовиќ за шпанското радио „Марка“.

Признава деке е свесен за својот темперамент, но никогаш нема да го свитка грбот за да се додворува на некои моќници…

„Нема да кажам дека сум невин. Понекогаш не можам да издржам некои работи, а треба да сум потрпелив. Во некои одлуки не постои намера, но тешко се носам со тоа. Но, мора и ова да се каже… Понекогаш кога ќе одлучам да реагирам на некоја нечесност и неправедна одлука, јас скокнувам до нив и чувствувам мирис на алкохол. Сакав и порано официјално да ги кажам овие запазувања во официјалниот записник и да реагирам на тоа, но претседателот и делегатот секогаш ми препорачувале ништо да не пријавувам. Зошто? Затоа што клубот би бил казнет, а не судиите“ – вели популарниот Вујо и продолжува:

„Еднаш ќе те украдат, па друг пат те смирѕваат, па третпат судењето ќе биде скандалозно но во моја корист… Денешните судиите живеат од ракометот, па тогаш и ги гледаат само личните интереси“ – заклучува Вујовиќ потенцирајќи дека по овие изјави знае дека повторно ќе биде казнет.

А, со оглед на искажаното сега сигурно и далеку подрастично.

Се вчитува...