Легенда на Манчестер Јунајтед: Играчите на Ливерпул изгледаат како зомбиња кои одат еден по друг

Ливерпул го забележа четвртиот пораз во низа во Англија откако во 25. коло од Премиерлигата загуби на домашен терен од Евертон со 2-0. Тимот од „Енфилд“ последен пат на домашната сцена славеше на 31. јануари против Вест Хем, а потоа нанижени се порази од Брајтон, Сити, Лестер и Евертон со што „црвените“ паднаа на шестото место на табелата, пет бода зад четвртопласираниот Вест Хем.

Избраниците на Јирген Клоп очајната форма за момент ја поправија со победата над Лајпциг од 2-0 во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони, но на последната средба повторно не наликуваа на тимот кој претходната сезона ја покори Англија. Големо влијание за тоа имаат повредите, но како што вели Гери Невил, тоа е проблем со кој се соочуваaт сите.

„Знаеме дека Ливерпул има многу проблеми со повреди, дека играат пред празни трибини, но за сите е исто. Проблем за навивачите на Ливерпул е тоа што во составот не се гледа никаква промена. Играчите изгледаат како зомбиња кои одат еден по друг и исто размислуваат. Можеби Клоп мора да промени нешто? И он самиот би морал да се запраша дали работи правилно. Стварно не би сакал да испадне дека јас му кажувам како Ливерпул треба да игра, но ми се чини дека им е потребна промена за да им тргне. Можеби тројца во линијата за врска, не знам. Сигурно ќе изгледаат подобро кога ќе им се вратат повредените играчи, но моментално тоа не изгледа воопшто добро“ – изјави легендата на Манчестер Јунајтед.

 

Се вчитува...