Легендата на Реал се разведе од шпанската убавица: Во животот поминаа низ „пекол“, а љубовта ја покажаа пред милиони гледачи

Еден од најпознатите парови во фудбалскиот свет реши да стави крај на бракот. Легендата на шпанскиот фудбал, Икер Касилјас и спортската новинарка Сара Карбонеро, ќе останат запаметени во светот по славниот бакнеж пред камера, за време на Светското фудбалско првенство 2010 година, кога по финалето во кое Шпанија стана светски шампион, Сара го интервјуираше Икер, а тој ја бакна за време на разговорот.

Сега тој бакнеж е минато, а според шпанските медиуми, реалноста е дека, тој брак веќе е завршен. Иако заедно поминаа низ многу несреќи, како што е срцевиот удар на Икер, туморот на јајниците на Сара, славниот пар очигледно повеќе не може да биде заедно.

Шпанското списание „Лектурас“ објави дека Касилјас и неговата сопруга живеат одвоено, но дека легендарниот голман бил со неа за време на прегледите на Сара во болницата, па затоа е очигледно дека се во добри односи. Инаку, Касилјас во моментов работи како заменик директор во Фондацијата – Реал Мадрид.

Се вчитува...