Легендата на српскиот фудбал Ивица Краљ ќе носи тимови на подготовки во Охрид (ФОТО)

Легендата на српскиот фудбал, поранешниот репрезентативец на Југославија и голман на Партизан, Ивица Краљ, кој во моментов е претседател на ФК Мачва од Шабац, деновиве е во посета на Охрид, во насока на дополнително заживување на „спортскиот туризам“ во нашиот најголем туристички центар.

Краљ заедно со претставници од локалната самоуправа на Шабац, оствари работна средба со градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. На средбата меѓу другото се разговараше за можноста фудбалски екипи од Србија да имаат подготовки за натпревари  во Охрид како и да се организираат тренинг кампови.

Ивица Краљ по средбите со претставниците на локалната самоуправа ги разгледуваше и спортските капацитети во градот. Веќе е најавено дека за време на зимската пауза неколку српски прволигаши своите подготовки ќе ги реализираат на брегот на Охридското езеро.

Се вчитува...