Легендата на Веспрем заминува, Манасков доаѓа како наследник

По цели 16 години поминати во клубот, Герго Иванчик на крајот од сезоната го напушта Веспрем, а на негово место доаѓа македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, најавуваат унгарските медиуми.

35-годишниот унгарски репрезентативец, во Веспрем игра уште од 2000 година и со овој тим има освоено 15 шампионски титули. Според најавите, Герго Иванчик кариерата ќе ја продолжи во тимот на Балатонфуреди.

Од клупата на Веспрем на крајот од сезонава си заминува Шпанецот Ксавиер Сабате, а на негово место доаѓа Љубомир Врањеш.

Во проекцијата на новиот состав на Веспрем по вкус на Врањеш влегува Дејан Манасков. На македонскиот репрезентативец му истекува едногодишниот договор со Рајн Некар Левен, а како што тврдат Унгарците, веќе е сигурен неговиот транфер во Веспрем. Покрај Манасков, како нови имиња во редовите на унгарскиот шампион се споменуваат француските репрезентативци, Вилијам Акамбре од ПСЖ и Кентин Мае од Фленсбург.

Се вчитува...