Лејкерс без Леброн немаат шанси со шампионот (ВИДЕО)

Леброн Џејмс се врати по повредата, но не беше во тимот на Лос Анџелес Лејкерс во пресметката со НБА првакот, Голден Стејт која неговиот тим ја загуби со 115-101.

Лејкерс и без главниот играч беа конкурентни во пресметката три четвртини, но Голден Стејт беше доминантен во завршниот период и ја забележа 37 победа сезонава, има и 15 порази и со идентичен биланс како Денвер е на врвот на Западната конференција.

Лејкерс и натаму одат надолу на табелата, сега се дури 10. со ефект од 27/26.

Најголемиот конкурент на Голден Стејт, тимот на Денвер ја продолжува победничката серија. Славеше тесна гостинска победа кај Минесота од 107-106. Ол-стар играчите во двата тима имаа одлични изданија. Никола Јокиќ го забележа деветтиот трипл-дабл, дуелот го заврши со 13 поени, 16 скока и 10 асистенции. Кај Минесота, Карл Ентони Таунс постигна 31 поен.

 


Триумф забележа и лидерот на Исток и најдобар тим во лигата, Милвоки. Славеше над Вашингтон со 131-115. Милвоки има биланс од 38/13, една победа повеќе и два пораза помалку од водечките на Запад, Голден Стејт и Денвер.

Далас и Лука Дончиќ не му дозволија на Кливленд да врзе победничка серија од три последовни триумфа. Го победија на негов паркет со 111-98, а словенечкиот кошаркар имаше одлично издание со дабл-дабл ефект од 35 поени и 11 аситенции. Само во првото полувреме Дончиќ постигна 28 поени.

 


Џејмс Харден ја продолжи серија од 30 плус натпревари. Постигна 43 поени во победата на Хјустон над Јута од 125-98. Харден имаше и 12 скока. Хјустон и Јута се на шестото и на седмото место во Западната конференција.

Се вчитува...