Лејкерс доминантни против Голден Стејт, Леброн се повреди (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс го добија Голден Стејт, но се соочија со повредата на Леброн Џејмс. Во Божиќниот триумф од 127-101 над актуелниот првак, Лејкерс се бореа во четвртина и пол без лидерот откако Џејмс во средината од третиот дел излезе поради повреда и не се врати во мечот.

Леброн го играше првиот натпревар против Голден Стејт како член на Лејкерс, по средбата објасни дека слушнал благ звук на пукање во моментот кога застана во незгодна позиција и заврши со болна гримаса. Според информациите сепак се работи за повреда која не е од сериозен карактер. До повредата, Џејмс постигна 17 поени, а имаше и 13 скока.


Најефикасен на средбата кај Лејкерс кои ја забележаа првата победа против Голден Стејт по пауза од две години, беше Кајл Кузма кој постигна 19 поени. Ражон Рондо имаше 15 поени и 10 асистенции. Кај шампионот, Андре Игудала ја предводеше листата стрелци со 23 поени, Кевин Дурант постигна 21, Стеф Кари 15.

Голден Стејт со биланс од 23/12 останува второпласиран во Западната конфереција во која Лејкерс се на четвртото место со ефект од 20/14.

Се вчитува...