Лука Дончиќ наскоро ќе се врати во Љубљана, но пред да го напушти Лос Анџелес, имаше важен состанок со челниците на Лејкерси и спортскиот сектор на клубот. Како што објавува словенечкиот „Спортклуб“, главна тема на разговор биле планот за летото, закрепнувањето од повредата и подготовката за следната НБА сезона.
Лејкерси сакаат Дончиќ да биде целосно подготвен за својата деветта сезона во НБА на есен, поради што ова лето фокусот ќе биде исклучиво на рехабилитација и физичка подготовка.
Словенечката суперѕвезда прво ќе го заврши закрепнувањето од повредата на тетивата, а потоа постепено ќе работи на враќање во форма пред сезоната 2026/27.
За разлика од претходните години, Дончиќ нема да игра за словенечката репрезентација ова лето. Во претходните пет лета, тој одигра дури 39 официјални натпревари за репрезентацијата, но сега беше одлучено дека приоритет ќе биде целосно заздравување на повредата. Дончиќ одигра 64 натпревари минатата сезона, што е негов трет најмал број настапи откако пристигна во НБА во 2018 година.
Исто така, ова е прв пат во неговата кариера да ја заврши сезоната повреден. Тој е надвор од терените од 2 април поради истегнување на тетивата од втор степен, а повредата се покажа како посериозна отколку што првично се сметаше.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
