Лејкерс не можат без Леброн, Клиперс без Каваи, а Далас без Дончиќ (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс комплетно потрфлија во дербито на Западната конференција и убедливо загубија од Денвер со 104-128. Во отсуство на Леброн Џејмс, Ентони Дејвис го предводеше најдобриот тим на Запад со 32 поени и 11 асистенции, но тоа не беше доволно за успех против Денвер кој ја оствари шестата последовна победа. Пол Милсап беше прв стрелец кај Денвер со 21 поен, Никола Јокиќ постигна 18. За лејкерс“ ова беше шести сезонски пораз, имаат и 24 победи и натаму се лидери на Конференцијата. Девер дојде до ефект од 20-8 и е на вторто место на Запад.

И вториот тим од Лос Анџелес, „клиперс“, во отсуство на првата ѕвезда забележа пораз. Загуби од Оклахома со 118-112. Каваи Ленард повотрно одмораше. До четвртиот тирумф по ред на домашен паркет, Оклахома ја предводеше Шеи Александер со 30 поени. Кај „клиперс“, Лу Вилијамс уфрли 22 поени. Лос Анџелес Клиперс сега имаа биланс 22-10 за четврта позиција на Запад, а Оклахома е на 15-14 за седмото место во конференцијата.

За ралзика од водечките во Западната конференција, Милвоки немаше проблем да дојде до нова победа. Славеше со 117-89 во пресметката со Индијана и дојде до 27. победа сезонава по што во моментов е најдобриот тим во Лигата. Милвоки има само четири порази. Индијана има ефект 20-10. Весли Метјуз со 19 поени беше прв стрелец во победничкиот состав, додека Јанис Адетокумбо беше на чекор до трипл-дабл. Имаше 18 поени, 19 скока и девет асистенции.

Во дуелот што ја отоври вечерта, првакот Торонто направи сезнационален пресврт и се врати од 30 поени негатива за тирумф над Далас од 110-107. Со одличната завршна четвртина која ја доби со 47-21, шампионот ја достигна и престигна негативата и дојде до 21 триумф сезонава. Кајл Лаури беше клучен за пресвртот, тој беше и најдобар стреел во редовите вна шампионот со 32 поени.

 

 

Се вчитува...