Лејкерс – Никс одамна не е дерби, Леброн се подобар на вечната листа, Дејвис повреден (ВИДЕО)

Леброн Џејмс со 31 поен и по пет скока и асистенции ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до шестата последовна победа, 30 вкупно сезонава. Тимот од Лос Анџелес лесно се справи со Њу Јорк Никс со 107-87 доминирајќи во пресметката, особено во завршниот сегмент во кој на противникот му дозволи само 17 поени.

Леброн Џејмс имаше две украдени топки и со тоа дојде до вкупната бројка од 1984, го надмина Алан Ајверсон за една украдена топка и се помести на 13-та позиција на вечната листа.

Покрај „кралот“, добри партии имаа и Кајл Кузма со 16 поени и шест скока, Кентавијус Колдвел Поуп со 15 поени, а Двајт Хауард постигна само осум поени,но имаше 13 скока.

Проблем за „лејкерс“ е повредата на Ентони Дејвис заработена во финишот од третата четвртина. Тој остана на подот по ударот со Џулиус Ренадал. Беше изнесен од теренот, првите информации се дека има сакрална контузија. Клубот не објави информации за времето на отсуство на Дејвис, но при вакви повреди обично се паузира околу четири недели.

Со поените на Кармело Ентони ви завршните моменти од дуелот, Портланд го победи актуелниот шампион Торонто со 101-99. Првакот посотјано беше во водство, Портланд израмни на 38 секунди пред крајот, а птооа со кошот на ветеранот Мело, а по промашувањето на Кајл Лаури додје до тирумфот. Ентони беше и најефикасен кај Портланд, постигна највисоки сезонава 28 поени.  Демијан Лилард уфрли 20 поени. Кај Торонто, Кајл Лаури беше прв стрелец со 24 поени.

 

 

 

 

 

Се вчитува...