Лејкерс се „исчистија“ од Covid-19

Во тимот на Лос Анџелес Лејкерс веќе нема заболени од коронавирусот. Клубот соопшти дека двајцата негови членови кои беа позитивни на COVID-19 успешно ја надминале оваа ситуација. Лејкерс за разлика од другите НБА тимови решија да објават само дека има заболени во франшизата, но не ги споделија нивните имиња. Дел од НБА кошаркарите за кои се знаше дека се заболени веќе објавија дека исто така ја надминале болеста.

НБА лигата е суспендирана на неодредено време. Периодов се прават напори да биде најдено решение за комплетирање на сезоната. И во НБА како и во Премиер-лигата се размислува за систем спроред кој тимовите би биле изолирани на одредени локации како на пример во Лас Вегас кој има капацитети за сместување.

 

 

 

Се вчитува...