Лејкерс се моќни и без Леброн и Дејвис, Јокиќ и Денвер изненадени од Кливленд (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс ја продолжија триумфалната серија на осум последовни успеси и тоа во отсуство на главните ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Кајл Кузма ја презеде одговорноста, со 36 поени го предовдеше тимот до убедливата победа од 110-125 на гостувањето кај Оклахома. Лејкерс последната  титула ја освоија пред десет години, а сезонава најавуваат дека имаат намера да ја прекинат постот од една декада. Само еден тим  во Лигата има подобар биланс од нив. Тимот од „градот на англеите“ е на ефект од 32/7. Лидерот на Источната конференција, Милвоки има 35-6. И Милвоки забележа убедлив тирумф. Славеше во гости кај Портланд со 101-122.

Денвер продолжува со топло-ладно сезоната. Забелажа втор пораз на последните пет натпревари откако изненадувачки загуби на домашен терен од Кливленд со 103-111. Никола Јокиќ средбата ја заврши со дабл-дабл ефект од 19 поени и 12 скока, прв стрелец беше Џамал Мареј со 24 поени. Денвер е четвртопласиран на Запад со биланс од 26-12 додека Кливленд е дури 13. на Исток со ефект 12-27.

Далас со пресврт забележа победа над Филаделфија од 109-91. Лука Дончиќ и Двајт Пауел со по 19 поени беа нејефикасни во победата. Словенечкиот репрезентативец имаше и 12 скока. Кај Филаделфија, Тобајас Херис забележа 20 поени и 10 скока, а Бен Симонс имаше по 11 поени и асистенции. Далас е шестопалсиран на Запад со скор 25-15, а Филаделфија е петта на Исток со 25-15.

 

 

 

 

 

Се вчитува...