Најпознатата кошаркарска франшиза во светот, Лос Анџелес лејкерс е продадена за рекордни 12 милијарди долари на бизнисмените Џош Кушнер и Боб Ајгер.
Со тоа, Лејкерс го менуваат сопственикот по вторпат во период од само една и пол година. Претходен сопственик беше Марк Волтер, кој минатата година го откупи контролниот удел во клубот од семејството Бас.
Оваа цена претставува рекорд за купување на која било спортска франшиза во Северна Америка.
Лејкерс го држеа и претходниот рекорд, кога Волтер ги купи за 10 милијарди долари. По нив следат Бостон Селтикс (НБА, 6,1 милијарда долари, 2025 г.) и Вашингтон Командерс (НФЛ, 6,05 милијарди долари, 2023 г.).
Кушнер и Ајгер беа вклучени во процесот на проширување на НБА со намера да поседуваат франшиза од Лас Вегас што би влегла во лигата, но ги променија плановите и поднесоа висока понуда за купување на Лејкерс која надминува 12 милијарди долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
