Лејкерс се сила за Далас, Леброн е единствен во историјата (ВИДЕО)

Лос Анџелес Лејкерс фатија победнички ритам, имаат две последовни победи откако го добија и дербито на Западната конференција со Далас со 108-95. Леброн Џејмс уште еднаш си го потврди статусот на великан на Лигата, дојде до единствено постигнување. Стана првиот во НБА историјата кој има 9000 асистенции и 9000 скокови.

Џејмс средбата ја заврши со 13 поени , 13 асистенции и шест скока. Прв стрелец беше Ентони Дејвис кој постигна 23 поени. Лука Дончиќ имаше 19 поени и беше најдобар во Далас. „Лејкерс“ се на водечката позиција во Западната конференција се со биланс од 26/7, додека Далас е петти со 21/11.

Во малото српско дерби, Никола Јокиќ со Денвер ја доби пресметката со Сакраменто и Немања Бјелица. Денвер славеше со 120-115, Јокиќ постигна 17 поени, а Бјелица беше прв стрелец во неговиот тим со 27 поени. Денвер го предводеа Вил Бартон и Мајкл Џеј Портер со по 19 поени. „Нагетс“ се второпласирани на Запад, имаат 23 победи и девет порази, Сакраменто  е 12-ти со ефетк 12/21.

Актуелниит шампион, Торонто го забележа 11-от сезонски пораз, на домашен терен загуби тесно од Оклахома со 97-98. „Репторс“ се на четвртата позиција на Исток, додека Оклахома е седма на Запад. Њу Орлеанс го изнеади Хјустон со триумфот од 127-112 и врза серија од четири пследовни победи. За „пеликанс“ ова не значи значајно поместување, со оглед дека имаа дури 23 порази, а ја забележаа вкупо 11-та. Претпоследни се на Запад. Хјустон пак е четврти во оваа конференција.

 

Се вчитува...