„Лејкерс“ со пораз тргнаа во Западното полуфинале, Мајами го гази Милвоки (ВИДЕО)

Џејмс Харден со 36 поени го предводеше Хјустон до почетна победа од 112-97 во полуфиналната серија од Западната конференција во НБА плеј-офот против Лос Анџелес Лејкерс. „Рокетс“ беа подобри во три од четирите сегменти, „лејкерс“ го добија само третиот период. Харден кој постигна и три тројки со вкупно 305 погодени удари од далечина се проби на седмата позиција на листата најдобри во овој сегмент во историјата на НБА разигрувањата. Покрај „брадата“ добро издание за Хјустон имаше и Расел Вестбрук кој постигна 24 поени. Ентони Дејвис со дабл-дабл ефект од 25 поени од 14 скока беше најдобар кај ЛА Лејкерс, Леброн Џејмс застана на 20 поени.

Мајами е на чекор до пласман во финалето на Источната конференција откако поведе со 3-0 во победи против Милвоки добивајќи гонатпреварот број три во полуфиналната серија со 115-100. Кошаркарите на Мајами беа особено фуриозни во последната четвртина која ја добија со 40-13. Џими Батлер постигна 25 поени во вторто полувреме, 17 во завршниот сегмент, а вкупно 30 поени на натпреварот и беше клучен во големиот успех на Мајами кој има шанса за палсман во финалето веќе в недела за кога е закажан четвртиот натпревар од полуфиналето. Лопез со 22, а Антетокумпо со 21 поен беа најпрецизни кај Милвоки.

Се вчитува...