Лејкерс убедливи против Хјустон, Дурант подобар од Јокиќ (ВИДЕО)

Во најинтересниот натпревар од синоќешната НБА програма, Бруклин славеше против Денвер со 122-116.

Кевин Дурант ги водеше домашните до победата со 34 поени и 13 скока. Одличен кај гостите беше Јокиќ кој запиша „дабл-дабл“ од 23 поени и 11 скока, но не успеа да помогне да се избегне поразот.

ЛА Лејкерс беа подобри од Хјустон победувајќи со 100-117. Очекувано во победничкиот тим најдобар беше Леброн Џејмс со 26 постигнати поени, додека кај домашните Харден беше далеку под нивото завршувајќи со 16 поени.

Во останатите натпревари, Филаделфија по продолжението беше подобра од Мајами победувајќи со 137-134, Кливленд загуби од Јута со 87-117, а Индијана триумфираше на гостувањето против Голден стејт со 95-104.

Се вчитува...