Лејкерси на неколку натпревари без Леброн Џејмс

ЛА Лејкерс најмалку на неколку натпревари ќе бидат без својот најдобар играч, Леброн Џејмс кој се здоби со повреда на препоните.

„Кралот“ се повреди во третата четвртина на мечот против Голден Стејт, а од клубот соопштија дека се работи за истегнување на препоните.

 

Леброн Џејмс ќе биде подложен на дополнителни прегледи и најавено е дека лејкерси во наредните денови ќе играт без него. Веќе е потврдено дека тој сигурно нема да патува на следниот натпревар против Сакраменто, а најверојатно ќе ги пропушти и наредните неколку дуели.

Се вчитува...