Лејно: Ми недостига Скопје, но трансферот во Ѓер е вистински потег

Амандин Лејно долги години беше миленичка на навивачите на Вардар, француската репрезентативка беше избрана и за МВП на фајналфор турнирот ланската сезона, но по распадот на проектот на „црвено-црните“ за следна дестинација во кариерата го избра тимот на Ѓер.

„Не можам да кажам дека жалам по Вардар, тоа би било покажување на непочитување кон Ѓер. Секогаш сум многу емотивна кога зборувам за Вардар, минав пет години таму, а јас сум некој што секогаш лесно се поврзува со луѓето околу себе. Лојалност е збор што настојувам максимално да го применувам, секако дека ми недостига Скопје и девојките од Вардар, но гледано од ракометен аспект, Ѓер е вистинскиот потег и максимално сум посветена на почетокот од оваа нова авантура“ – изјави Лејно.

Таа не крие дека жали што во прекрасните години минати во Вардар не беше остварен сонот на сите во клубот – да се стигне до титулата во Лигата на шампионите.

„Ланскиот фајналфор беше ужасно искуство, бевме толку блиску, но на крајот моравме да гледаме како Ѓер слави со големиот трофеј. Имам освојувано значајни пехари во кариерата така што ЛШ не ми е опсесија, но би била пресреќна ако станам и европска шампионка на клупски план. Лани бев МВП на фајналфор турнирот, без размислување би ја заменила таа индивидуална награда за колективната титула со Вардар, н тоа за жал не е можно“ – истакнува Амандин Лејно.

Се вчитува...