Лејно освои олимписко злато, па и кажа збогум на репрезентацијата

Амандин Лејно беше меѓу најзабележителните во францускиот табор во походот кон олимпиското злато, по што одличната голмнка реши да стави крај на репрезентативната кариера.

Поранешната голманка на Вардар е решена до крајот на кариерата да се посвти на клупските обврски во Ѓер, откако на репрезентативен план освои се што можеше да се освои со „триколорите“.

„Секој сонува ваков крај. Никогаш не се сомневав во нашиот тим, но прекрасно е да се знае дека се кажува збогум како актуелен олимписки првак. Сакам да плачам, да се смеам, во шок сум… многу работи ми минуваат низ главата, но не ја менувам одлуката, ова дефинитивно е крај на мојата репрезентативна кариера“, изјави Лејно.

Се вчитува...