Лекарите донесоа кошмарни вести за Чави

Чави има сериозни главоболки за време на оваа репрезентативна пауза откако беше утврдено дека повредите на Араухо и на Кунде се сериозни и двајцата фудбалери извесно време ќе бидат надвор од терените.

Деталните лекарски прегледи покажаа сериозен проблем со мускулите на двајцата стандардни дефанзивци, при што потешка е повредата на Араухо. Според првичните информации Уругваецот ќе биде во аут најмалку два месеци, тој дефинитивно ќе го пропушти наредното Ел Класико кон средината на месец октомври, а прашање е дали ќе може да настапи за својата репрезентација на СП во Катар.

Повредата на Кунде е нешто полесна, францускиот интернационалец го очекува пауза од околу еден месец, што сепак ќе значи пропуштање на дербито со Реал Мадрид, како и двомечот од Лигата на Шампионите против Интер.

Повреди при репрезентативниот настап заработија и Де Јонг и Депај, но Чави се уште чека конкретна информација кога ќе може повторно да смета на двајцата холандски интернационалци.

Се вчитува...