Лекиќ открива: Вардар нема повеќе да игра во ЛШ!

Вардар сезонава ќе го има последниот обид за искачување на тронот на ракометна Европа, откако Андреа Лекиќ обелодени дека „црвено-црните“ од наредната сезона воопшто нема да бидат дел од елитното европско натпреварување. Србинката во интервју за „Независне новине“ го прокоментира своето заминување од таборот на Вардар, кое се должи на одлуката на Сергеј Самсоненко да престане да го спонзорира женскиот ракометен клуб.

Морав да си заминам по одлуката на сопственикот Сергеј Самсоненко од следната сезона клубот повеќе да не игра во ЛШ, а женскиот ракомет во Вардар да остане на ниво на млади девојчиња. Многу ми е жал, пет години сум во Вардар, тоа е клуб каде останав најмногу во мојата кариера. Моравме да се снајдеме, моја цел е секогаш да атакувам на трофејот во ЛШ, затоа од неколкуте понуди ја избрав онаа на Букурешт“ – изјави Андреа Лекиќ.

Раководството на Вардар најави подмладување на тимот и обид за создавање на домашни играчи, нешто во што не успеа во изминатите години кога клубот немаше апсолутно никакви финансиски проблеми. Сега во ситуација кога и финансиите ќе се сведат на минимум, јасно е дека „црвено-црните“ ќе бидат предалеку од женската ракометна елита.

Се вчитува...