Леклер до славје во Силверстон, фијаско на Антонели

Шарл Леклер е победник на трката за ГН на Велика Британија што попладнево се возеше на патеката Силверстон откако асот на Ферари ги искористи големите проблеми со кои се соочи лидерот во генералниот пласман Кими Антонели. Триумфот на Леклер беше надополнет со трето место за Луис Хамилтон, а проблемите на Антонели ќе ги искористи неговиот тимски колега Џорџ Расел, кој го освои второто место и ја намели негативата во генералниот пласман.

Самиот старт беше суперинтересен, Антонели ја загуби пол-позицијата откако при првиот свиок беше минат и од Леклер и од Хамилтон. Британецот успеваше десетина круга да го задржи налетот на возачот на Мерцедес, но Антонели успеа да го мине поранешниот првак, а потоа и Леклер и да се најде на чело на колоната.

Антонели го направи пит-стопот на помалку од 20 круга до крајот, а потоа од минута во минута ја намалуваше негативата во однос на Леклер. Кога се чинеше дека е само прашање на време кога ќе се најде на чело на колоната, лидерот во генералниот пласман се пожали на проблеми со болидот и експресно се упати кон „боксот“. Поправките што набрзина беа направени не вродија со плод, тој продолжи да паѓа со пласманот, но реши да остане и да се бори барем за еден бод, одржувајќи се на десеттото место.

Кога Ферстапен излет пред самиот крај, тоа значеше скок на Антонели на деветтата позиција, слаба утеха во трката во која младиот Италијанец беше толку блиску дури и до победата.

На крајот, Леклер донесе радост на фановите на Ферари, втор беше Расел, зад кого се најдоа Хамилтон, Норис, Хаџар, Лосон…

Се вчитува...