Шарл Леклер од Ферари и Макс Ферстапен од Ред Бул, заработија казни по трката за ГН на Мајами во САД.
Ферстапен доби казна од пет секунди за преминување на белата линија на излезот од боксто. За разлика од вообичаената практика, оваа одлука била донесена по трката.
Стјуардите објаснија дека имале ограничен видео запис за време на трката, па затоа решиле да почекаат до крајот за да ги разгледаат дополнителните агли на камерата. Нови докази потврдија дека предното лево тркало на Ферстапен ја преминало непрекинатата бела линија, што претставува прекршување на спортскиот кодекс.
Леклер, пак, беше казнет со 20 секунди на неговото време. Казната не го чинеше Ферстапен, затоа што тој остана на шестата позиција, а Леклер, пак, падна на осмата позиција поради оваа казна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
