Леклер ја презема одговорноста за инцидентот со Хамилтон

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, ја презеде одговорноста за инцидентот со тимскиот колега Луис Хамилтон за време на првиот круг од Големата награда на Италија во Монца.

По стартот на трката, Хамилтон се обиде да ја помине првата шикана од внатрешната страна во борбата за третото место, но Леклер му го блокираше патот. До директен контакт не дојде, но Хамилтон излета во зоната со чакал и падна на деветтото место.

Британецот беше лут по трката, обвинувајќи го тимот дека нема „никакви правила“. Леклер ја презеде одговорноста, признавајќи дека ја преминал границата во жарот на борбата.

„Разговарав со Луис. Отсекогаш сме имале одличен однос и имам голема почит кон него. Му кажав дека во втората кривина не постапив како што требаше, ниту пак како што би требало да постапи еден тимски колега“, изјави Леклер.

Се вчитува...