Леклер „удри“ по Ферари: Мора да се стремиме кон повисоки цели

Шарл Леклер отворено го критикуваше Ферари пред Големата награда на Бразил, велејќи дека второто место во генералниот пласман на конструктори едноставно не е доволно за тим со таква традиција.

Седумкратниот победник на Гран При трките нагласува дека Ферари, симбол на успехот и историјата на Формула 1, е тим кој мора да се стреми само кон победи. Италијанскиот тим не ја освоил титулата кај конструкторите од 2008 година – најдолгиот период без титула во историјата на легендарниот тим.

Ферари не ја освоил титулата кај возачите уште од Кими Раиконен во 2007 година, а фановите со години чекаат пресврт. Сезоната започна со големи очекувања, особено по доаѓањето на Луис Хамилтон во тимот, но работите не одеа според планот. Ферари нема освоено Гран При повеќе од една година и му се заканува сезона без триумф.

Мекларен ја освои својата втора последователна титула кај конструкторите, додека Ферари се бори со Мерцедес и Ред Бул за второто место – но дури ни тоа не е доволно, смета Леклер.

„Не е доволно, не. Кога возиш за ваков тим, единственото нешто што е доволно е да победиш. Работата за Ферари, а не целта кон победи – тоа не е доволно. Целта мора да биде само победа. Кога ќе погледнете каде почнавме и каде сме сега, ова беше добра сезона. Сезоната покажа голем напредок, бидејќи почетокот беше многу тежок, и беше тешко да се разбере со што се соочуваме со новиот болид. Сега сме во битка за второто место во конструктори, и тоа треба да биде нашата цел, а следната година ќе се стремиме за повисоко“, рече Леклер.

Се вчитува...