Лемос е нов член на ФК Брегалница

Матеус Да Силва Лемос е нов член на ФК Брегалница.  Станува збор за одличен техничар кој “оперира” на левокрилната позиција. Роден е 1997 година во Рио де Женеиро.

Лемос има искуство во македонската прва лига, тој со успех настапуваше во Македонија ЃП и Вардар. Летово се поврзуваше и со арачиновска Шкендија, но сепак тој се одлучи да ги прифати условите во Штип.

Матеус Лемос има 29 години, во својата кариера има настапувано во бразилските нисколигаши Сан Хозе, Мауа, Комерцијал и Индепендиенција.

Се вчитува...