Ленард го „разби“ Хјустон, Кари се врати на терените (ВИДЕО)

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс во дербито на Западната конференција во НБА лигата го совладаа Хјустон Рокетс на гости со 105-120. Екипата од Калифорнија ја забележа шестата победа во низа и со скор од 43-19 се наоѓа на второто место на Западот веднаш зад градскиот ривал ЛА Лејкерс. Кавај Ленард запиша 25 поени, а Монтрел Херис натпреварот го заврши со 19. Кај поразените Расел Весбрук натпреварот го заврши со 29 поени, додека Џејмс Харден уфрли само 16 со очаен процент за шут за три поени 0/8.

Стеф Кари по 58 натпревари се врати на терените, но и тоа не беше доволно Голден Стејт Вориорс да го совладаат актуелниот шампион. Торонто во неизвесен натпревар во реприза на минатогодишното финале ги совлада Вориорс со 113-121. Нормал Пауел со рекордот на кариерата од 37 поени беше најдобар поединец кај Репторс, додека Кајл Лаури натпреварот го заврши со 26 поени и 10 асистенции. Стеф Кари беше најефикасен кај поразените со уфрлени 23 поени.

Во останатите два меча од синоќешната понуда Денвер го совлада Шарлот со 112-114, а Филаделфија беше подобра од Сакраменто 108-125.

Се вчитува...