Ленард и Клиперс ги запреа Дончиќ и Далас, за Денвер нема препреки (ВИДЕО)

Лос Анџелес Клиперс ја продолжија победничката серија на пет последовни успеси со триумфот над Далас од 114-99 и со тоа им ја прекинаа низата успеси на „маверикс“ која траеше пет по ред и осум на последните 11 средби. 13-5 е билансот на „клиперс“ со кој се на третата позиција на табелата во Западната конференција. Далас има ефект од 11-6 и е на четвртото место.

Дистанца доволна за победа Ла Клиперс направија уште во првото полувреме, потоа двата периода во вториот дел беа израмнети, но Далас не успеа да внесе неизвесност во средбата. Каваи Ленард и Пол Џорџ беа предводници во победата, ланскиот МВП на финалето имаше 28 поени, а Џорџ 26. Лу Вилијамс постигна 21 поен. Лука Дончиќ беше прв стрелц кај Далас со 20 поен, Сет Кари имаше 13.

Клучата разлика за победата против Вашингтон, Денвер ја направи во втортата четвртина која ја доби со 39-24 и со тоа побегна на високи плус 17 поени на полувремето. До крјаот, сенвер потао константно го држеше противникот на безбедна дистанца. Денвер дојде до тирумфот иако имаше дури 20 изгубени топки, а кошаркарите немаа ниту изразена шутерска вечер. Прв стррелц беше Џереми Грант со 20 поени. Никола Јокиќ повторно имаше едноцифрен брпј поени. Застана на осум, но дополни со 20 скока. Денвер е втортопласиран на Запад, со биланс 13-3, победничката серија му трае пет натпревари, а има 10 успеси на последните 11 дуели.

 

 

Се вчитува...