Ленард сам го победи поранешниот клуб, Денвер и Јокиќ бледи на гостувањето кај Њу Орлеанс (ВИДЕО)

Кавај Ленард го предводеше ЛА Клиперс во победата над неговиот поранешен тим Сан Антонио од 103-97.

Првото полувреме двата тима се менуваа во водство, а на пауза се замина со предност на домаќинот од 50-48. Во второто полувреме Клиперс го контролираше резултатот, но во ниту еден момент разликата не изнесуваше повеќе од осум поени.

На стартот на четвртата четвртина избраниците на Док Риверс стигнаа и до двоцифрена предност, но гостите предводени од феноменалниот Дероузен на две минути до крајот успеаја да намалат на минус четири. Сепак, во следниот напад Ленард му украде топка на Дероузен, и веднаш асистираше до Херел, а по неколку промашени напади на двете страни Херел реализираше и слободни фрлањањ за конечна победа од 103-97.

Ленард беше прво име на натпреварот со 38 поени и 12 скока, а Херел уфрли 24. Кај Сан Антониот Дероузен постигна 29 поени.

Њу Орлеанс Пеликанс ја забележа првата победа сезонава откако на домашен терен славеше над бледиот Денвер со 122-107. Клучна беше третата четвртина во која домаќините успеаја да направат двоцифрена предност. Окафор со 26 и Инграм со 23 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај Денвер Никола Јокиќ натпреварот го заврши со 13 поени и по 6 скока и асистенции.

Во последниот натпревар од понудата Мајами ја совлада Атланта со 106-97.

Се вчитува...