Ленард со звукот на сирената за победа на Клиперси, Кливленд е незапирлив (ВИДЕО)

ЛA Клиперс славеа против Сакраменто со 111-110 по продолжение на домашен терен во еден од синоќешните натпревари во НБА лигата.

Херој во победата беше Ленард Каваи кој со звукот на сирената ја донесе победата, притоа мечот завршувајќи го со 17 постигнати поени. Најефикасен во тимот на Клиперс беше Џејмс Харден со 29 поени, 11 асистенции и девет скока.

Демар Дерозан беше најефикасен кај Сакраменто со 31 поен, 10 асистенции и седум скока, а Зак ЛаВин дополни со 30 поени и седум скока.

Клиперси се осми во Западната конференција со 35 победи и 29 порази, додека Сакраменто е деветти со скор 33/30.

Кошаркарите на Кливленд, пак, на гостински терен го совладаа Милвоки со 112-100 и го забележаа 14-от последователен триумф.

Најефикасен кај Кливленд беше Макс Штрус со 17 поени и девет скока. Донован Мичел додаде 15 поени, Дариус Гарланд и Еван Мобли постигнаа по 13 поени, додека Џерет Ален постигна 11 поени. Најефикасен кај Милвоки беше Јанис Антетокунмпо со 30 поени и девет скока.

Демијан Лилард додаде 22 поени, додека Кајл Кузма постигна 14 поени. Брук Лопез забележа седум поени и девет скока, додека Џерико Симс натпреварот го заврши без постигнат поен, но со 10 скока.

Кливленд е прв во поредокот на Источната конференција со 54 победи и 10 порази, додека Милвоки е четврти со скор 36-27.

Во останатите синоќешни натпревари во НБА, Њу Орлеанс загуби од Мемфис со 104-107
Филаделфија ја победи Јута со 126-122, а Минесота беше подобра од Сан Антонио со 141-124. Портланд загуби на домашен терен од Детроит со 112-119.

Се вчитува...