Ленард знае како против Вориорс, Адетокумбо „ѕверски“ против Хјустон (ВИДЕО)

ЛА Клиперс се наметнуваат како први фаворити во НБА лигата откако по стартната победа на градскиот ривал Лејкерс, сега ги декласираа Голден Стејт Вориорс со 141-122. Клиперс во текот на целиот меч беа подобар противник, а им успеа тоа што често изминатите години Вориорси им го правеа на противниците, а тоа е постигнување на над 140 поени.

Кавај Ленард со 21 и Лу Вилијамс со 22 поени беа први имиња во победничкиот табор, додека кај Голден Стејт Стеф Кари уфрли 23 поени.

Јанис Адетокумбо со трип-дабл учинок го предводеше Милвоки во победа над Хјустон од 117-111. Иако Рокетс беа подобри во три четвртини од натпреварот, сепак со фуриозна завршница Милвоки успеа да стигне до победа на мечот. Грчкиот кошаркар дуелот го заврши со трипл-дабл учинок од 30 поени, 13 скока и 11 асистенции. Кај Хјустон Весбрук постигна 24, додека Харден натпреварот го заврши со само 19.


Во најмалку интересниот натпревар од вечерта Атланта беше подобра од Детроит нагости со 100-117. Тре Јанг беше прво име во победничкиот табор со 38 поени.

Се вчитува...