Лене Рантала ќе ги тренира Холанѓанките

Легендарната данска голманка Лене Рантала (49) ќе биде тренер на голманите во репрезентацијата на Холандија. Рантала имаше исклучително долга и богата играчка кариера на која стави крај пред четири години на 45-годишна возраст и за неа ова ќе биде прв сериозен тренерски предизвик. На тренерската позиција во холандската репрезентација доаѓа на местото на Антони Паречки кој се приклучи во стручниот штаб на репрезентацијата на Јапонија.

Привилегија е да се работи со еден од најдобрите тимови во Европа. Холандија има добри голмани. Со нетрпение очекувам да почнеме со работа со нив и со серлекторката Хеле Томсен. Од мое искуство, се надевам дека ќе помогнам голманите да се развиваат и да напредуваат на секое ниво – технички, тактички и ментално“ – изјави Рантала.

Поранешната данска репрезентативка зад себе има импресивна кариера со два олимписки медали од Игрите во 1996 и во 2000 година, три европски и една светска шампионска титула со репрезентацијата на Данска. На клупско ниво Рантала, има титула во Лигата на шампионите освоена во 2011 година со тимот на Ларвик за кој бранеше 17 години и таму ја заврши кариерата во 2014 година.

Се вчитува...