Лео Меси е најдобар фудбалер за 2022 година (ФОТО)

Капитенот на аргентинската репрезентација, Лео Меси е изборот на ФИФА за најдобар фудбалер за 2022 година во доделувањето на „Тhe Best“ наградите. Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња ја предводеше својата нација до шампионскиот трофеј на Мундијалот во Катар, а имаше и неверојатен настап во дресот на ПСЖ.

Како конкуренти за освојување на наградата Меси ги имаше Карим Бензема и Килијан Мбапе.

Наградата за најдобра фудбалерка и припадна на Алексија Путељас.

Се вчитува...